Свет
18,661,037
Вкупно активни случаи
Updated on 01/12/2020 17:28 17:28
Македонија
21,169
Вкупно активни случаи
Updated on 01/12/2020 17:28 17:28
Македонија
1,763
Вкупно починати
Updated on 01/12/2020 17:28 17:28
Македонија
38,946
Вкупно оздравени
Updated on 01/12/2020 17:28 17:28

Кнут Флекенштајн именуван за советник на албанскиот собраниски спикер

Поранешниот европратеник и поранешен известувач за Албанија, Кнут Флекенштајн е назначен за советник на претседателот на албанскиот Парламентот, Грамоз Ручи. Флекенштајн, кој ќе работи како советник за интеграција во кабинетот на собранискиот спикер, на Твитер напиша дека албанскиот Парламент има многу значајна улога во процесот за членство во ЕУ.

– Среќен сум што започнавте да работите кон полноправно членство на Албанија во ЕУ. Албанскиот Парламент има многу значајна улога во овој процес. Му благодарам на
претседателот на Парламентот за дадената доверба. Со нетрпение очекувам да работиме сите заедно, напиша тој на Твитер.

loading...

Новата функција му ја честиташе и му поска добредојде Таулант Бала, координатор на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија.

– Добредојдовте Кнут Флекенштајн за да работиме заедно, за да не советувате за исполнување на нашите обврски за членство во ЕУ. Албанскиот Парламент останува посветен за напорно работење, одобрување и спроведување на реформите, во координација со нашите клучни партнери, особено ЕУ и САД, напиша Бала.

Кнут Флекенштајн е роден на 20 декември 1953 година и е германски политичар и поранешен член на Европскиот парламент од Германија. Член е на Социјалдемократската
партија на Германија, која е дел од Партијата на европските социјалисти.

Извор: Сител телевизија

НАШ ПРЕДЛОГ

Првиот човек на Католичката црква во Албанија, монсињор Френдо ја доби битката со Ковид-19

Првиот човек на Католичката црква во Албанија, монсињор Џорџ Френдо ја доби битката со коронавирусот. Веста лично ја објави на Фејсбук, со најава дека се...

ЕК: Руската вакцина Спутник V нема да се дистрибуира во ЕУ

Одлуката на унгарските власти да дозволат употреба на руска вакцина против коронавирус „Спутник V“ не се однесува на територијата на ЕУ, изјави портпарол на...

Мицкоски: Тешко на Македонија ако решението се “тандемот лепливи прсти” Заев и Бучковски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук реагира на изборот за Бучковски да биде специјален претставник на македонската Влада во Бугарија.
Skopje
clear sky
5 ° C
5 °
5 °
48 %
1kmh
0 %
Tue
3 °
Wed
6 °
Thu
9 °
Fri
8 °
Sat
11 °