Македонија

Коалицијата АА-ААА ветува меѓународна посветеност на расчистување на сомнителните судски случаи

Носителот од Коалицијата АА-ААА во изборната единица 6, Халил Снопче во изборната дебата на ТВ21 посочи дека ќе побараат меѓународна посветеност на расчистување на предметите каде има сомнежи за манипулација и корупција.

„Имаме во програма, во првите 100 дена ќе бараме меѓународно набљудувачко тело, ќе бараме меѓународни обвинители и судии да ги осудат пак предметите за кои има сомнежи за манипулација, и тие предмети каде има сомнеж за корупција“, посочи Снопче.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни