Група новинари со аутистичен спектар успеаа да го омекнат претседателот на Франција, Емануел Макрон да проговори на теми, за кои не е вообичаено да го прашуваат.
Како такви се неговиот приватен живот, односно бракот со Брижит Макрон, неговите пријатели и Владимир Путин.
Новинари се дел од магазинот „Ле Папотан“, кој е основан во 1990 од париски центар за грижа за млади луѓе со аутизам. Меѓу другите, ги имаат интервјуирано и бившите претседатели Жак Ширак и Никола Саркози и актерот Винсент Касел.
Меѓу најжешките прашања со кои се соочи Макрон беше неговата романса со 24 години постарата Брижит. Таа се викала Брижит Озиер и имала три деца кога се запознала со Макрон во средното училиште каде што тој учел, а таа била професорка.
Сепак тие се венчаа во 2007, а сега запрашан дали како претседател требало да даде пример и да не се жени за својата професорка, Макрон одговори дека не станува збор за давање пример.
„Тука не станува збор за давање пример. Кога сте заљубени, изборот не е ваш. Таа не ми беше баш професорка. Ми предаваше драма, што не е исто“, се обиде да се одбрани Макрон.
Тој призна дека нема многу пријатели зашто работата му е таква, додека за Путин кажа дека не бил непријатен, иако се сретнале пред да почне војната во Украина, што го опиша како парадокс.