На македонските патиштаво просек има по 4 000 сообраќајни несреќи годишно, но не сите учесници во сообраќајот ги знаат своите права и обврски, па затоа Скопје24.мк заедно со Адвокат Златко Јолески ве советуваме што треба да направите со ваков случај.
1. Што треба да направите во случај на сообраќајна несреќа?
Доколку се најдете во својство на учесник во сообраќајна незгода, должни сте да превземете соодветни мерки заради отстранување на нови опасаности кои можат да настанат на местото на сообраќајката, особено:
– Да ја пријавите сообраќајната незгода веднаш во Министерството за внатршни работи;
– Да го поставите посебниот знак за означување на запрено возило на коловозот или со други соодветни знаци да ги известите учесниците во сообраќајот за настанатата опасност
– Да го обезбедите возилото од самотргнување;
– Да го обезбедите товарот на возилото да не падне или да не се растури по коловозот;
– Да превземете мерки за спречување на избувнување пожар или експолозија и слично.
2. Задолжително да останете на местото на сообраќајната незгода, со тоа што може привремено да се оддалечите само заради давање помош на лицата повредени во сообраќајнаа незгода или ако вам ви е потребна лекарска помош.
3. При превземање на горните дејствија должни сте да настојувате да не се промени состојбата на местото на сообраќајната незгода со цел да се зачуваат постојните траги, под услов со тоа да не се загрозува безбедноста на сообраќајот.
4. Задолжително сликајте ги возилата доколку сте во можност.
Како да знате кога да се повика полиција, а кога да се пополни Европскиот извештај за сообраќајна незгода?
Полиција секогаш треба да повикате да изврши увид и да состави записник:
– Кога во сообраќајната незгода има повредени или загинати лица;
– Кога настанала голема материјална штета на возилата, односно се оштетени виталните делови за управување и запирање на возилото/возилата, а возилата не можат самостојно да се движат по патот;
– Кога едно од возилата нема регистарски таблички или доколку истото не е осигурано;
– Кога едно од возилата има странска регистарска табличка;
– Кога еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции;
– Кога еден од возачите не поседува соодветна возачка дозвола;
– Кога возачите не можатда ги усогласат мислењата во врска со начинот и околностите под кои се случиласообраќајната незгода;
– Кога еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци, односно податоците на возилото;
– Кога еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода.
Доколку е настаната мала матреријална штета (не се оштетени виталните делови за управување и запирање, а возилата можат самостојно да се движат по патот) и не е исполнет нитуа еден од погоре наведените случаи, учесниците во сообраќајната незгода се должни веднаш да ги отстранат возилата од коловозот, да овозможат непречено одвивање на сообраќајот и да го пополнат и потпишат Европскиот извештај за сообраќајна незгода.
Ви препорачуваме доколку се решите да пополните Европски извештај за сообраќајна незгода да ги фотографирате возилата, оштетувањето на возилата и местото на сообраќаната незгода.
Имајте во предвид дека доколку непотребно повикате Полиција, ќе бидете казнети со казна во висина од 250 евра во денарска противредност.
5. Каде може да го поправите вашиот автомобил доколку потпишете Европски извештај за сообраќајна незгода?
Барањето за надомест на штета треба да го пријавите во осигурителната компанија на лицето кое ја предизвикала сообраќјната незгода.
Ваше законско право е да изберете сервис и локација за поправка на вашето возило и осигурителната компанија мора да гопочитува вашиот избор.
Исто така имате право да изберете дали осигурителната компанија по извршената проценка ќе ви ја надомести штетата со исплата на парични сретства во висина на предизвиканата штета утврдена со проценител или ќе ги исплати парите директно на сервисот кој вие ќе го изберете.
За сите правни прашања и конкретен настан пред да превземете било какво дејствије консултирајте се со вашиот Адвокат.
Адвокат Златко Јолески
Контакт: 077/757-689
Web: https://www.facebook.com/advokatjoleski/
ДТЦ Мавровка
Бул. Гоце Делчев бр . 11 вл. 1 кат 1 лок. 13
