Кој ги сака повеќе Албанците? Шест месеци пред изборите, започна трката по албанските гласови

Иако предвремените избори се дури за 6 месеци, односно на 12 април 2020, лидерите на двете најголеми македонски партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски веќе ја стартуваа трката по албанските гласови.

На ваквите тврдења, со доза иронија одговори политичкиот опонент на Мицкоски, премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Тој вели дека Мицкоски сигурно се прегрнал со Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, но можеби не го препознал дека е тој.

Првиот човек на Гостивар, Арбен Таравари , кој доаѓа од редовите на Алијанса за Албанците, за ТВ21 рече дека е изненаден од зборовите на Заев, дека се прегрнал со Мицкоски.

-Колку што знам јас, коалиционите партнери во Владата на г.Заев 11 години беа прегрнати со г.Мицкоски. Г.Заев со Мицкоски речиси секоја недела се сретнуваат заради некоја амнестија или ослободување на некој криминалец. Јас демантирам и велам дека никој од нашиот кабинет не бил на таа средба, а ниту пак се прегрнал со г.Мицкоски-вели Таравари.

Што се однесува до локалната коалиција Алијанса-ДПМНЕ, според Таравари таа била неопходна бидејќи СДСМ не ги прифатила понудите на Алијансата за исполнување на предизборните ветувања. Таравари со став дека албанските гласови нема да завршат кај македонските партии.

-Не верувам дека некој Албанец, освен клиентелистите, би гласал за СДСМ на парламентарните избори-вели Таравари.
ТВ21: А за ВМРО-ДПМНЕ?
-Не знам. Не верувам. Албанците ги имаат своите албански партии и мислам дека ќе гласаат за нив-дополнува Таравари.

Но, и покрај превирањата меѓу СДСМ и Алијанса за Албанците, не е исклучена можноста по изборите да дојде до коалиција меѓу двете партии. Таравари за ТВ21 вели дека сите можности остануваат отворени, зависно од бројките и програмите. И премиерот Заев со став дека идните коалиции ќе се ориентираат согласно гласовите на граѓаните.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното