Македонија

Кој кого избира? Еве што откриваат бројките за етнички мешаните бракови во Македонија

Кој кого избира? Еве што откриваат бројките за етнички мешаните бракови во Македонија

Бројките за склучените бракови во Македонија покажуваат дека најголем дел од брачните заедници и понатаму се формираат во рамките на истата етничка заедница. Етнички мешаните бракови се присутни, но нивниот удел во вкупниот број склучени бракови, според податоците на Државниот завод за статистика и МакСтат, останува релативно низок.

Во 2025 година во земјава биле склучени 10.507 бракови. Од нив, 2.623 биле меѓу Македонец и Македонка.

Кога станува збор за мешаните бракови, меѓу македонските младоженци најчест избор од друга етничка заедница биле Србинките. Во 29 случаи Македонец се оженил со Србинка, во 24 случаи со Албанка, додека по четири брака биле склучени со Турчинка и Ромка. Во текот на годината бил регистриран и еден брак меѓу Македонец и Влаинка.

Бројките треба да се гледаат и во однос на големината на секоја етничка заедница. Според Пописот од 2021 година, Македонците сочинуваат 58,44 отсто од населението, Албанците 24,3 отсто, Турците 3,86 отсто, Ромите 2,53 отсто, Србите 1,30 отсто, Бошњаците 0,87 отсто и Власите 0,47 отсто.

Оттука, бројот на бракови со припадници на помалите етнички заедници не може да се разгледува изолирано од нивното учество во вкупното население.

Македонките почесто влегуваат во мешан брак

Кога статистиката ќе се погледне од страната на невестите, се забележуваат одредени разлики.

Покрај 2.623 бракови меѓу Македонец и Македонка, во 2025 година 16 Македонки се омажиле за Срби, 36 за Албанци, а 19 за Турци. Во еден случај сопругот бил Ром, додека не бил регистриран ниту еден брак меѓу Македонка и Влав.

Така, според наведените податоци, Македонките имале повеќе бракови со припадници на други етнички заедници отколку Македонците.

Кај Албанците, пак, доминираат браковите во рамките на сопствената заедница. Во 2025 година биле регистрирани 2.301 брак меѓу Албанец и Албанка.

Албанските младоженци во 38 случаи избрале Македонка, во седум случаи Турчинка, во седум Бошњачка, во четири Србинка и во три случаи Ромка. Не бил регистриран брак меѓу Албанец и Влаинка.

Кај албанските невести бројките за мешани бракови се уште пониски. Албанките во 24 случаи избрале Македонец, во девет Турчин, во два Бошњак и во еден случај Ром за сопруг. Во 2025 година не бил регистриран брак меѓу Албанка и Србин или Влав.

Специфична слика кај Србите

Интересни податоци се забележуваат и кај српската заедница.

Во 2025 година во Македонија бил регистриран само еден брак меѓу Србин и Србинка. Од вкупно 18

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни