Пратеникот на коалицијата Сега е време, Скендер Реџепи, синоќа обвини дека Владата, поконкретно ДУИ како иницијатор, им ја украла идејата за субвенционирање на приватните компании за соодветна етничка застапеност.
„Кога ќе ја земете копија од нашата изборна програма, составна точка освен еднаквата и соодветна застапеност, која е законско право на Албанците во сите јавни институции, ние имаме план и програма за субвенционирање на на средните компании и на поголемите за еднаква застапеност..“, истакна Скендер Реџепи.
Селмани: Тоа значи дека ви ја украле идејата…
Реџепи: Да, без сомнение, изборната програма ја имавме пред изборите!
Се обидовме да добиеме став од ДУИ за обвиненијата за украдената идеја, но одговор не добивме!
Но навистина кој кому му ја украде идејата?
Ако како основа се земе датумот, излегува дека коалицијата Сега е време, пред ДУИ ја објавила идејата.
Алијанса и Алтернатива изборната програма 2020 ја претстави на 24 јуни 2020, а ДУИ тоа го стори две недели подоцна, на 7 јули 2020.
Разликите во содржината се чини дека се мали.
Коалицијата Сега е време, во поглавјето “За целосна еднаквост“ во својата програма ветуваше за:
„Фискално стимулирање на средните и поголемите приватни претпријатија за постигнување еднаква застапеност за даночни олеснувања како што е ослободување од придонесите за работодавците или процент од данокот на придобивка за средните претпријатија (50 до 249 службеници) и на поголемите (250 или повеќе) кои усвојуваат или спроведуваат ефективна стратегија и план за дејствување на претпријатијата за постепено постигнување на еднаква и соодветна застапеност, базирано врз европските стандарди“.
Инаку ДУИ во својата програма објавена 2 недели потоа, во делот “Економска преродба за сите“ ветува дека:
„Владата ќе субвенционира 50% од социјалните придонеси за следните три години за секој нововработен што ќе ја подобри еднаквата е соодветна застапеност на сите етнички заедници во приватните претпријатија“.
И лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во изборната кампања ветуваше дека со закон, приватните компании и странски инвестиции ќе имаат обврска во фабриките и нивните претпријатија да влијаат за пропорционалност на населението.
Во Владината програма 2020-2024 усогласена меѓу коалиционите партнери, не се спомнува конкретно субвенционирање на приватните компании со цел еднаква етничка застапеност, туку во делот “Еднакво општество за сите“ е вели дека :Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е. домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција, застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја.
.
