Сугерираше кичевчани да ги задржи што е можно подолго во воздух, со цел да не стигнат на време за да гласаат на локалните избори во 2013 година. За среќа, оваа идеја не беше реализирана бидејќи албанските работници во Агенцијата за контрола на цивилните летови, ја дознале целта, но и поради тоа дека евентуалното доцнење би значело истрага од ЕуроКонтрол.
Неговата посветеност на исполнувањето на барањата на партијата му ја обезбеди функцијата генерален директор на ТАВ-Скопје за шест години. Таму беше до 2016 година, кога и беше заменет од Алпер Тунга Ерсој. Но, иако веќе не е генерален директор, тој се уште е во одборот на директори.
Го прашавме менаџментот на Меѓународниот Аеродром на Скопје дали е ризично еден човек со такви идеи да продолжи да биде дел од одборот на директори, меѓутоа од таму не добивме одговор.
Личноста која му предложи на Јанакиески, кичевчани да се задржат во воздух, за да не гласаат, бил и претседател на помала македонска партија, која била во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
Ставот на неговата партија беше дека името не треба да се менува, а исто така беше еден од најголемите поддржувачи на процесот за лустрација. Освен позицијата на генерален секретар, тој во 2005 година бил и пратеник. Освен опструкциите кои планирале да ги направат во аеродром, Јанакиески и Јанкуловска, со помош на други партиски функционери, планирале да направат сообраќајка за да го блокираат сообраќајот.
Името и презимето на лицето чиј глас се слушна во „бомбите“ кои беа пуштани во судницата во четвртокот, а како докази во случајот на СЈО под кодно име „Титаник“ и е познато на редакцијата на ТВ21. Но, од етички причини и поради тоа што судењето се уште трае, идентитетот засега нема да го откриеме.
Репортер: Фуркан Салиу
