Која е правилната возачка положба?

Верувајте иако звучи смешно сепак е многу важно да ја знаеме вистинската положба, но и да знаеме како да се наместимe додека управуваме автомобил.

Веднаш по положувањето на тестот за возачка дозвола, сите забораваме да возиме „школски“. Го местиме седиштето многу наназад, одвај ги допираме воланот, сопирачките и менувачот со рацете и буквално легнато и лежерно го возиме автомобилот. Со сето тоа сакаме да изгледаме многу кул, но тоа е многу погрешно!

За да се снаоѓате добро со возењето низ градските средини е потребно да ги имате сите команди на дофат и пред се да имате удобно и релаксирачко возење. Сите детали погледнете ги на видеото во продолжение:

Извор: Сител телевизија