4NEWS.mk

Кокаин долета со ураганот Доријан: На плажите на Флорида најдена дрога вредна 320.000 долари

Ураганот Доријан донесе на плажата Мелбурн на Флорида, пакет дрога вредна 320.000 долари.

Еден полицаец го пронајде пакетот на Рајската плажа, а подоцна е утврдено дека се работи за пакет со кокаин.

Тој објасни дека се работи за пакет кој е „завиткан на стандарден начин како што се пакува дрога од еден килограм“.

На надворешната страна  на пакетот пишувало „Диамант“. Криминалистичкиот тим за наркотици истражува како дрогата можела да стигне тука, објави Си Би Ес Њуз.

А на 32 километри подалеку од Мелбурн, на плажата Кокоа, еден минувач најде торба со 25 килограми кокаин, а полицијата ги истражува и тие пакети.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни