4NEWS.mk

Кокаин мистерозно се појавува на празните плажи: Французите масовно по потрага по пакети што вредат милиони

Речиси 900 килограми дрога, претежно кокаин, се пронајдени последниве недели на атланскиот брег на Франција, соопшти денеска обвинителството во градот Рену.

Обвинителството додава дека пакетите со дрога се пронајдени во периодот од средината на октомври до 4. ноември долж атланскиот брег на Франција.

Полицијата уапси едно 17-годишно момче со 5 килограми кокаин кои ги зел од една плажа на која полицијата забрани пристап зошто тука мината недела се пронајдени неколку пакети со дрога.

Обвинителството наведува дека се разгледуваат различни претпоставки, но веројатно де дека дрогата дошла во океанот поради хаварија на бродот што ја превезувал.

 



Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни