Балкан

Колинда во Украина: Во маскирни панталони и маичка со силна порака

Колинда во Украина: Во маскирни панталони и маичка со силна порака

Колинда Грабар Китаровиќ ја поддржува Украина од почетокот на војната

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ со објава на својот Фејсбук профил откри дека моментално е во Украина.

„Со вас, пријатели!“, напиша Грабар Китаровиќ покрај фотографијата со прекрасен пејзаж во позадина, додека носеше маскирни панталони и маица на која пишува „Слобода“.

Причината за посетата на Колинда на Украина не е позната.

Колинда Грабар Китаровиќ ја поддржува Украина од почетокот на војната, а на ист став е и Владата на Хрватска која обезбедува нов пакет воена помош вреден околу 30 милиони евра.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни