Директорот на платежна агенција Николче Бобевски за ТВ21 објаснува дека распределбата на сретствата од Центарот за рурален развој ја вршеле според проценка каде е најнеопходно да се даде точна и опиплива државна помош. Пари добиле оние општини кои претходно имале платено ДДВ за претходни проекти, а контролата околу трошењето на парите ја имала Агенцијата.
Ги контактиравме и дел од градоначалниците да ни одговорат дали е објактивна распределбата, колку средства добиле и на што ќе ги потрошат. Тие се едногласни дека без овие средства тешко би ги реализирале проектите со кои аплицирале, а за ДДВ дека нема да им претставува проблем да го платат.
На прашањето колку срества за колкав пат добиле, градоначалникот ни одговори:
Токму од оваа општина населението масовно се иселува, па го прашавме градоначалникот дали најнеопходно беше да се инвестира во инфраструктура?
Од Министерство за земјоделство ни одговорија дека критериумите за доделување на сретства биле утврдени со годишната програма за финансиска поддршка во руралниот развој, законот за земјоделство и правилникот за поблиски дополнителни услови за поддршка од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка. Барателите кои ги исполнуваат условите се рангираат според бодување утврдено во Правилникот за поблиски критеиуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.