Breaking Советот на Централната банка на Црна Гора го одзеде одобрението за платни услуги на Алта Пеј Груп
Свет

Комисијата што го истражува упадот на Капитол се распушта

Комисијата што го истражува упадот на Капитол се распушта

По 18-месечна истрага, комисијата ги испрати резултатите од својата работа до Министерството за правда.

Комитетот во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, кој го истражуваше упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година, ги прекина своите активности, објави Асошиетед прес.

По 18-месечна истрага, комисијата ги испрати резултатите од својата работа до Министерството за правда со предлог за кривично гонење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Времето на Комитетот истекува денеска, кога Претставничкиот дом за првпат ќе се состане во новиот состав, кој беше утврден на среднорочните избори во ноември минатата година.

Во изминатите две недели, комисијата објави голем дел од материјалот произведен за време на истрагата, вклучувајќи го и нејзиниот конечен извештај од 814 страници.

Членовите на комисијата рекоа дека сакале да ја објават својата работа за да ѝ бидат јасно на јавноста колку е сериозен нападот и какви напори направил Трамп за да остане на власт.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни