Македонија

Комисијата со препорака: Да не се бараат сертификати за отворените делови од објектите

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Прличковски денеска на прес конференција посочи дека донесени се три препораки. Првата се однесува на учениците, односно се укинува задолжителното носење на заштитни маски во училиштата. Втората препорака се однесува капацитетот на исполнетост во затворени објекти како театар, кина, односно наместо исполнетост од 50 отсто – сега се оди на 75%. Третата пак се однесува на користење на сертификати во отворени угостителски објекти, односно да не се бараат сертификати во овие делови од објектот.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни