Комисијата за култура не го разгледа законот за управување со природното и културното наследство во Охрид

Се одложи расправата за предлог законот за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион.

По барање на пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ, почетокот на СЕДНИЦАТА на комисијата за култура, побара да биде во 14 часот заради одржување на пленарната седница.

Според Лашкоска, поставувањето на законот на дневен ред на комисијата на еден час пред почеток на пленарна седница било очигледна намера да се замолчи опозицијата во дебата за законот. Додаде дека законот во влада поминал во март а во собранието пристигнал во јуни, период во кој според Лашкоска, е правен коалициски пазар.

Пратеничката од ЛДП, Никица Корубин, побара и поширока јавна дебата по законот, не само собраниска расправа.

Инаку предлог законот за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион пред матичната комисија за култура е во прво читање.

 

Зоран Јаневски

Извор: Сител телевизија