Социјалните мрежи беа преплавени со најчудната реклама што некогаш ја објавила една компанија. Имено, купуваат користена женска долна облека, поточно носени гаќички и носени градници.
Комуникацијата со оваа компанија е исклучиво преку месинџери, каде одговараат на секое прашање на потенцијален продавач на нивните носени интимни делови од облеката.
Инаку, потенцираат дека приоритет им се градниците со најголеми можни корпи.
– Испратете слики, користени градници може да се платат до 350 динари по парче, а користени гаќички 200 динари – велат од оваа компанија.
Купуваат неограничено количество, од сите бои и големини, за да може за десетина или повеќе пара користена долна облека, една госпоѓа убаво да си го пополни буџетот.
Инаку, коментарите најмногу велат дека може да се купат нови гаќички за 200 динари, се наведуваат имињата на продавниците, а за 350 динари може да се купат и нови градници, најчесто во кинески продавници.
