Коњановски: Се залагам Битола да стане град на врвна култура, имаме стратегија и конкретни проекти за поддршка на креативците

Денес се сретнав со луѓето од културата во градот, имавме искрен и инспиративен разговор.

Она што заеднички го заклучивме е дека на Битола и е потребен сеопфатен план, стратегија, со која заедно со различни чинители од културата ќе испланираме каква култура во Битола сакаме да имаме во наредните четири години.

План со конкретни проекти и конкретна одговорност. Јас ветувам дека тие проекти ќе ги поддржам од општинскиот буџет и дека Битола ќе има културна понуда за сите, но секогаш испорачана квалитетно и достапно, не само за урбаните делови во градот туку и руралните средини, преку дисперзирање на проектите и културните настани.

На листата на поддршка ќе се најдат јавните институции, невладините и приватните институции од културата, традиционалните манифестации, креативните индустрии, културно-уметничките друштва, градските хорови, социјалната и културна инклузија на лицата со специфики, проектите за и од младите преку поттикнување на нивната креативност, обновата и развој на традиционалните занаети.

Ние во креирањето на културната програма ќе се раководиме од квалитетот да го подигнеме нивото на културна понуда во градот, културната понуда да не биде инцидентна туку конзистентна, издржана и континуирана.

Да ги поддржиме креативните луѓе во градот да создаваат култура.

Мојата заложба ќе биде култура за сите! Врвна култура и уметност преку целата година во Битола!

4NEWS.mk во текот на изборната кампања, партиските соопштенија ги објавува интегрално.