Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Ф.С.(44) од Приштина, Р. Косово за сторено кривично дело “фалсификување на исправа“. На 07.12.2018 година околу 21,15 часот на Граничен премин “Јажинце“, при влез во Р. Македонија, од страна на полициски службеници, при контрола на патничко моторно возило “Фолксваген Голф 4“, управувано од пријавениот било утврдено дека бројот на носечката конструкција не е оргинален, односно идентитетот на наведеното возило бил променет. По извршена анализа било констатирано дека врз фабричкиот идентификационен број на носечката конструкција, бил втиснат сегашниот број на носечката конструкција.
СЛЕДЕТЕ НЕ:
