4NEWS.mk

Косовец се обидел да прошверцува лав од Албанија

Косовската полиција уапсила лице под обвинение дека се обидел да прошверцува лав во кафез, јавуваат приштинските медиуми.

Обвинетиот го носел лавот од Албанија, а обвинителот му одреди мерка притвор во траење од еден месец.

Според медиумите, станува збор за угостител кој има сопствен ресторан во село во Косово.

Тој го шверцувал животното од Албанија преку планински патишта, без никаква придружна документација.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни