Премиерот Димитар Ковачевски се уште е на Советот за безбедност кај претседателот на државата Стево Пендаровски.
Иако според првични најави требаше Советот да заври до 14 часот, сепак тој се уште е во тек.
Пред членовите во проширен состав е францсукиот предлог.
Од 15 часот закажана е средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Попладнево пред Влада се закажани нови протести.