Македонија

Ковачевски-Мицкоски утре средба во 16 часот во Влада

Ковачевски-Мицкоски утре средба во 16 часот во Влада

Премиерот Димитар Ковачевски утре ќе биде домаќин на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Средбата е закажана за 16 часот во просториите на Владата.

Оваа средба доаѓа по низа препукувања меѓу двете страни, а последните обиди за средба беа отфрлени од страна на Власта бидејќи опозицијата бараше предвремени парламентарни избори.

Една од темите на кои утре ќе се дискутира во Влада е енергетската криза. Нејасно е дали и темата избори може да се најде на дневен ред.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни