Премиерот Димитар Ковачевски поради обврските за децата кои ги има, вели дека повеќе живее во скопската населаба Тафталиџе отколку во премиерската вила.
„Јас повеќе сум во Тафталиџе отколку во премиерската вила. Се греам на централно парно од поранешно БЕГ, сега ЕСМ. Живеам во Тафталиџе повеќе бидејќи на 200 метри е училиштето и полесно е со обврските со децата“, изјави премиерот гостувајќи во ИРЛ.
На прашање од модераторите дали очекува дека зимава премиерот и неговото семејство ќе имаат сигурно парно, тој одговори потврди, додавајќи дека има набавено гас државата за топланите непречено да функционираат.