Вечерва ново зголемување на цената на нафтените деривати поради тоа што на светските берзи има зголемување на цената, откри вечерва премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ24.
Тој дече дека нашата држава е 100% зависна од увозот на нафта и поради тоа целосно врз цената влијае берзата и поскапувањето на нафатата на светските берзи.
Тој рече дека очекува вечерва Регулаторната комисија за енергетика да донесе нови цени кои секако ќе биде повисоки од моментални.
Инаку претходно во интервју за ТВ Телма, претседателот на регулаторната комисија Марко Бислимовски рече дека вечерва на полноќ ќе биде објавена новата цена на бензините.