Италијанските власти денеска соопштија дека 793 луѓе починале во изминатите 24 часа од новиот коронавирус. Во Италија, вкупно 4.825 луѓе починаа од Ковид-19 од поќетокот на ширењето на болеста.
Вкупниот број на заразени од вчера до денеска се зголеми од 47.021 на 53.578, соопштија италијанските власти.
Само Ломбардија забележа 546 смртни случаи на заразени со коронавирус. Со овие податоци, бројот на починати во тој италијански регион се зголеми на три илјади. Тоа е најголемиот скок за еден ден во Ломбардија од избувнувањето на епидемијата.
Џулио Галера, советник за социјална помош во Ломбардија, ја потврди оваа информација.
– Во регионот има 3095 смртни случаи, со зголемување од 546, што е секако броjката што најмногу не боли, рече Галера. .
