„Бев со пријател кога слушнавме гласно тропање и кршење на стакло. Видовме четворица со маски и батерии на главите, влегоа во сив автомобил и побегнаа, а зад себе го оставија запалениот сеф“, рече сведок на несекојдневната кражба во Скрадин, во Хрватска.
Вратата од менувачницата разбојниците ја отвориле со шипка, а блиндираното стакло со кое е преграден делот со сефот го фрлиле во море.

Сефот го извлекле на улица и се обидувале да го загреат со бренери за полесно да се отвори, но тоа не им успеало. Сефот со парите го оставиле сред улица додека не го пронашла полицијата.

Полицијата од Шибеник потврди дека од менувачницата ништо не е украдено и дека по крадците интензивно се трага, а ги чека и пријава за тешка кражба.