Свет

Кристални цветчиња и животни од мраз, посетителите воодушевени од соленото езеро

Ниските температури во Соленото езеро Јунгченк, Кина, создале кристали од сол. Соленото езеро се наоѓа под планината Жонгтиао, со вкупна површина од 132 километри квадратни. Кристалите од сол на Глауберит имаат разни форми, некои од нив изгледаат како расцутени рози, а други пак како животни.

Секој кристал сам по себе е посебно изненадување за тие кои го посетуваат ова место.

Оваа атракција привлече голем број на посетители. Многу локални жители и фотографи се воодушевени од необичниот изглед, затоа и се фотографираат со нивните семејства.

Еден локален посетител рече дека ова езеро е дар од природата. Тој се надева дека кога ќе дојдат по неколку години, природата ќе биде уште поубава.

„Соленото езеро е дар од природата, денеска ние сакаме да се фотографираме со децата и се надевам дека кога ќе пораснат и кога ќе дојдат овде, еколошката околина и пејзажот ќе бидат уште поубави“, вели еден од локалните посетители.

Солените кристали на Глаубер, во Соленото езеро се уникатна појава создадена од временските услови. Со температура пет степени под нулата, магнезиум сулфатот се соединува со дрвја, камења и други објекти во Соленото езеро и се формираат разни форми на кристали.

Соленото езеро Јунгченк е едно од трите најголеми езера во светот со натриум сулфат. Другите две езера се Големо Солено Езеро во Јута и езерото Кучук во Сиберија – Русија.

ПОДГОТВИ: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни