4NEWS.mk

Криумчарење на акцизна стока причина за полициската акција во Љуботен

Поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама, Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција за проверки на истото. 

Во интерес на истрагата не би можеле да споделиме подетални информации. Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите ,се во интерес на расчистување на случајот. 

Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни