Македонија

Кривичен: 30 дена притвор за осуммината од акцијата во УЈП – постои опасност од бегство

Кривичен: 30 дена притвор за осуммината од акцијата во УЈП – постои опасност од бегство

Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за најтешката мерка за обезбедување присуство за дел од осомничените во големата акција поврзана со злоупотреби во Управата за јавни приходи (УЈП).

По завршувањето на распитот на 8 приведени лица, судија на претходна постапка ги ценел фактите и доказите и го прифатил предлогот на Обвинителството.

На сите осуммина им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Судот оценил дека се исполнети условите од сите три точки за определување на оваа мерка:

  1. Опасност од бегство;
  2. Влијание врз сведоци;
  3. Можност да го довршат или повторат делото.

Оваа одлука следи откако претходно за друга група од 9 лица опфатени со истата акција беа определени само мерки на претпазливост (одземање пасош и забрана за работа).

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни