Две лица на возраст од 22 и 23 години се приведени за разбојништво во заложна куќа од каде одземале 300 000 денари.
Со закана од пиштол првопријавениот скопјанец со инцијали К.Р одзел од сефот 120 000 денари, а вториот Н.Н го одзел остатокот. Полицијата ги пронашла додека бегале кон селата Шишево и Грчец.
Кај првопријавениот се пронајдени и одземени пиштол марка Пиетро Берета, маска, кацига и пари кои полицијата ги вратила на оштетениот.
Во разговор во полициска станица двете лица го признале разбојништвото и откриле дека сториле уште 2 кривични дела разбојништво кои дополнително ќе бидат документирани.
Мирјана Давидовска