Едно лице денеска е убиено, а седум се ранети во пукање во Каваја, за западот од Албанија, а локалните медиуми јавуваат дека најверојатно во прашање е пресметка на ривалски криминални групи.
Полицијата, според наводите на сајтот „Тиранапост“, уапси две лица.
Во пукањето во Каваја, на околу 20 километри од Драч, убиен е случаен 50-годишен минувач.
Според наводите на полицијата, и две ранети лица биле вмешани во пукањето.
Се огласи и претседателот на Албанија Илир Мета кој во разговор со градоначалникот на Каваја Исо Саки повика на итна истрага.
