Куќата на ужасот во Загреб: Овде убиецот уби три жени, двајца мажи и дете (10), незапаметено злосторство во Хрватска

Незапаметено злосторство кое се случи во Хрватска ги шокираше и искусните полицајци кои на вакви случаи работат и по 30 и повеќе години.

Се вчитува...

Убиецот Игор Наѓ неколку часа по шесткратното убиство е пронајден мртов во Брезовица, 10 километри од местото во Загреб на кое уби три жени, двајца мажи и дете (10).

Масакрот го преживеа десетмесечното бебе.

Двете жени, инаку сестри, и детето (10) ги убил пред куќата, а телата на мажите се пронајдени во куќата, еден лежел во собата, а другиот во ходникот.

Како што пренесуваат медиумите, Игор Наѓ работел како таксист. Неговата „шкода октавиа“ е пронајдена по крвавото злосторство.

Најверојатно се работи за случај на семејно насилство во кој мажот ја убил поранешната жена и нејзинот нов партнер. Се сомнева дека мотив за ужасното злосторство е љубомора.

 

Извор: Сител телевизија