Свет

Куќен притвор за инфлуенсерот Ендрју Тејт

Куќен притвор за инфлуенсерот Ендрју Тејт

Американскиот инфлуенсер Ендрју Тејт ќе биде ставен во домашен притвор откако романскиот суд ја усвои неговата жалба, изјави денеска неговиот адвокат, цитиран од Ројтерс.

Апелациониот суд во Букурешт пресуди дека Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан, уапсени кон крајот на декември во Романија во случајот за подведување, треба „веднаш да бидат ослободени и ставени во домашен притвор“. Судот го отфрла предлогот на обвинителството за продолжување на притворот и таа мерка ја заменува со куќен притвор, се вели во судската одлука за АФП потврдена од обвинителството.

Двајцата браќа, кои тврдат дека се невини, се во притвор заедно со две Романки – нивни наводни соучесници. На барање на обвинителството, притворот им беше продолжен неколку пати, последен пат на 22 март.

Двајцата се под истрага за наводна трговија со луѓе, силување и создавање криминална група за сексуална експлоатација на жени, вклучително и малолетници. Браќата, кои имаат и британско државјанство, ги негираат сите обвиненија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни