СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Ф.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил продолжено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 22 јуни годинава околу 20.00 часот во Куманово, при семејна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга М.Ф.
Нејзиниот татко, кој бил присутен во домот, се обидел да го спречи, по што пријавениот упатил закани и кон него и кон членовите на семејството.
