4NEWS.mk

Курдите го прифаќаат договорот за примирје во Сирија

Сириските демократски сили ќе го прифатат договорот за примирје со Турција и ќе направат сѐ што е неопходно тој да биде спроведен, изјави командантот на силите предводени од Курдите, Мазлум Кобани.

Кобани рече дека договорот е само почеток и оти со него нема да се постигнат целите на Турција.

Тој додаде дека договорот е ограничен на дел од сириската граница со Турција меѓу градовите Рас ал-Аин (на курдски Кобани) и Тал Абџад.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни