Во своето обраќање на српски јазик, премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти, ги повика компаниите во сопственост на припадниците на малцинските заедници да му покажат каква поддршка би сакале да добијат од владата во Приштина.
– Сакаме да обезбедиме сите заедници во Косово да имаат корист од новиот пристап кон економијата со нова енергија. Затоа, ги повикуваме сите компании во сопственост на припадници на малцинските заедници да одговорат на овој повик и да ни дадат можност да слушнеме од нив каква поддршка би сакале да добијат од нивната влада. Отворен сум за нивните предлози, пишете ми, ви посакувам се најдобро – рече Курти , пренесува Косово онлајн .
Косово, рече тој, „има потенцијал да стане место на сеопфатен развој“.