Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека се преземени безбедносни мерки со кои нивото на безбедност е подигнато.
Тој рече дека на седницата на Советот за безбедност во Приштина се разговарало за општата безбедносна состојба во земјата, пред се во четири општини на северот на Косово и Метохија и долж административната граница.
Тој рече дека безбедносните служби го подигнале нивото на безбедност, дека има зголемени контроли долж административниот премин, како и дека има ограничен сообраќај и зголемена контрола на возилата кои влегуваат од Србија, пренесува Репортери.
Она што е чудно е молкот и толеранцијата на меѓународните фактори кон постапките на Србија, која постојано бара изговори за дестабилизација и ескалација“, рече Курти.
