Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз во квалификациите за следното Европско првенство. Поразени сме во с.Борис Трајковски од селекцијата на Чешка со 37-29.
Мечот мина во рамноправна игра цели 40 минути со неколку израмнувања на резултатот но нашата репрезентација не успеа ниту еднаш да прејде во водство.
Потоа следуваа неколку грешки и убедлива победа на гостинките од Чешка.
Следниот натпревар Македонија го игра на 25.март наредната година кога гостуваме во Португалија.
