Балкан

Лајчак и Ескобар во понеделник во седиштето на НАТО

Лајчак и Ескобар во понеделник во седиштето на НАТО

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар и пратеникот на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, во понеделник ќе го посетат седиштето на НАТО во Брисел.

Според соопштението на западната воена алијанса, Лајчак и Ескобар ќе разговараат со заменик генералниот секретар на НАТО, генерал Мирчеа Џоан.

Ескобар и Лајчак ќе присуствуваат и на неформалниот состанок на Северноатлантскиот совет, соопшти НАТО.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни