Европската унија да реагира брзо и да го укине едногласното одлучување во надворешната политика. Ова го изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„За надворешните работи мора да преминеме на гласање со квалификувано мнозинство“, кажа Фон дер Лајен во пресрет на самитот на Европскиот совет, на кој, меѓу другото, ќе се одлучува и дали да им се одобри кандидатски статус на Украина и Молдавија.
Фон дер Лајен, сепак, признава дека така голема промена во начинот на одлучувањето ќе биде тешко да се постигне.
„Дојдов до цврст личен заклучок дека едногласното одлучување веќе не е одржливо, особено во надворешните прашања. Поради брзината со која се случуваат работите, светот сака да го слушне европскиот глас, што често не е можно поради блокирањето од само една членка“, кажа Фон дер Лајен.