Македонија

Ландсбергис: Има уште два месеца за позитивен резултат за време на француското претседателство

Ландсбергис: Има уште два месеца за позитивен резултат за време на француското претседателство

Ниедна земја не може да го држи целиот пристапен процес во заложништво и тоа го споменав многу јасно, нагласи министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриел Ландсбергис на денешната прес-конференција по средбата со шефот на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарко прашње дали како членка на ЕУ ќе поддржат почеток на преговорите со Република Македонија.

Според него, крајно време е да се постават прашања за вистинските мотиви.

– Веројатно не постои подобро време кога нашите европски вредности биле поставени на тест и ние се наоѓаме на крстопат кога можеме или да се срушиме да изгубиме кредибилитет или да излеземе од тоа посилни. Досега Европа за време на кризите, секогаш излегуваше посилна и убеден сум дека и овој пат нема да биде различно, рече министерот Ландсбергис.

Прашан дали ќе поддржи одвојување на С Македонија и на Албанија во процесот на пристапување, шефот на дипломатијата на Литванија Ландсбергис истакна дека се уште се надева оти следните два месеци од француското претседателство ќе донесат позитивни резултати и нема да има потреба од раздвојување на двете земји.

– Не би сакале тоа да се случи. Мислам дека не се искористени се уште сите инструменти за да се спречи тоа за да може двете земји заедно да се придвижат колку што е можно побрзо, изјави Ландсбергис, кој се наоѓа во работна посета на Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни