Првиот обид на Британија да лансира сопствена ракета во орбитата заврши неуспешно по „аномалија“ за време на летот.
По полетувањето од Корнвол, Боингот 747 на Virgin Orbit, наречен Space Girl, кој ја носеше ракетата, прелета 10,7 километри над Атлантскиот Океан, каде што ја лансираше ракетата со девет мали сателити во вселената.
Организаторите на лансирањето за мисијата Start Me Up рекоа дека ракетата не успеала да стигне до орбитата.
Во серија пораки на Твитер, Virgin Orbit рече: „Се чини дека има аномалија што ја спречи ракетата да стигне до орбитата. Ги цениме сите информации. Кога ќе дознаеме повеќе … ќе ги споделиме“.
Додека инженерите се обидуваат да откријат што тргнало наопаку, авионот безбедно се вратил во Корнвол.
Авионот е наречен „Космичка девојка“ по хитот на Ролинг Стоунс од 1981 година.