Како што се наведува во соопштението, Лавров и Помпео разговарале за ситуацијата во врска со убиството на Сулејмани за време на воздушниот напад на американските војници на аеродромот во Багдад.
– Лавров истакна дека намерните постапки на земја-членка на ОН, насочени кон ликвидација на службеник на друга земја-членка на ОН, особено на територијата на трета суверена држава, без претходно известување, е грубо кршење на принципите на меѓународното право и дека тоа треба да се осуди, се наведува во соопштението на руското Министерство.
Лавров го повика Вашингтон да стави крај на „нелегалните насилни тактики“ и да ги решава проблемите на преговарачка маса.
– Рускиот министер истакна дека овој потег на САД е со сериозни последици за мирот и безбедноста во регионот и дека не помага во напорите да се изнајдат решенија за тешките прашања што се насобрале на Блискиот исток. Напротив, тоа води до нов бран на ескалација, се додава во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
