Македонија

Лажен лекар измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра

Лажен лекар измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.М.(23) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 03.06.2026 пријавениот измамил жена од Пробиштип за сума од 2.500 евра, претставувајќи се како лекар, кој наводно требало да направи интервенција на нејзината внука за лажна тешка телесна повреда при пад.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни