Балкан

Лажни продавачи на криптовалути претепале маж и го ограбиле 9.000 евра

Лажни продавачи на криптовалути претепале маж и го ограбиле 9.000 евра

Лажни продавачи на криптовалути чии иницијали се Л.М. (21) и М.М. (24) се уапсени во Белград откако претепале маж во населбата Борча и му ја ограбиле чантата со 9.000 евра кои планирал да ги искористи за да купи криптовалута од нив, соопшти српската МУП.

Преку апликација за продажба на криптовалути, осомничените го намамиле оштетениот да го пречека на паркингот во Борча, каде му ограбиле пари и му нанеле полесни повреди.

Полицијата набрзо го идентификувала и привела Љ.М. и М.М. каде е пронајден дел од украдените пари.

Полицијата апелираше граѓаните кои купуваат и продаваат криптовалути тоа да го прават со луѓе што ги познаваат или преку препораки во затворени простории со видео надзор и на места каде што има поголем број луѓе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни