Во живо Продажба или стечај за Алта Банка „Ноќно студио“ во живо Гледај
Македонија

Лазовски за „Алта банка“: Никој во Македонија не може да зборува за продажба, одлуките зависат од Белград

Лазовски за „Алта банка“: Никој во Македонија не може да зборува за продажба, одлуките зависат од Белград

Македонските власти немаат целосна контрола врз понатамошната судбина на „Алта банка“ во Битола, а можноста за нејзина продажба ќе зависи и од развојот на постапката во Србија. Ова е ставот на економскиот аналитичар Славко Лазовски, кој во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ предупреди на можни правни и финансиски компликации.

Според Лазовски, стечајната постапка поврзана со „Алта банка“ во Белград би можела да има сериозни последици и врз банката во Македонија.

„Може да се случи ние воопшто да немаме можност да ја понудиме банката на продажба. Мислам дека во Македонија никој не може да зборува за продажба на Алта банка Битола, бидејќи таа е сопственост на субјект од Република Србија“, изјави Лазовски.

Тој тврди дека политичките власти немаат надлежност директно да одлучуваат за ваквите трансакции и дека клучна улога ќе имаат надлежните органи во стечајната постапка.

„Тоа се само политички изјави, за луѓе кои малку знаат за банкарските финансиски односи. Политичките власти воопшто немаат ингеренции да се мешаат во тие трансакции“, нагласи Лазовски.

Економскиот аналитичар го критикуваше и пристапот кон ограничувањето на исплатите од банката. Според него, наместо на граѓаните, ограничувањата требало првенствено да се однесуваат на правните лица.

„Моите сознанија упатуваат на тоа дека, обратно, требаше на граѓаните да им се дозволи максимално да ги подигнат своите депозити, а ограничувањето да биде на страната на правните лица“, рече Лазовски.

Тој предупреди и на можноста од дополнителни правни последици за трансакциите извршени по започнувањето на постапката во Србија, оценувајќи дека нивниот статус би можел да биде предмет на преиспитување.

Лазовски смета дека исходот за битолската банка во голема мера ќе зависи од понатамошните одлуки во Србија, поради што, според него, најавите за нејзина продажба не треба да се претставуваат како веќе извесно решение.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни