Лејди Кити Спенсер кажа „Да“ – раскошна венчаница и 4 неверојатни фустани

Лејди Кити Спенсер, внука на принцезата Дијана, по двегодишна свршувачка, го кажа судбоносното Да во Рим викендов на јужноафриканскиот бизнисмен, 62-годишниот милијардер Мајкл Луис.

За свадбената церемонија, таа избра прекрасна венчаница со чипка од викторијански стил со висока јака и долги издувани ракави, изработена од италијанското модно дуо Долче и Габана.

Сепак, 30-годишната Кити не застана тука, туку се пресоблече неколку пати за време на свадбената прослава која траеше цел викенд, покажувајќи уште четири луксузни вечерни фустани на нејзиниот омилен моден бренд.

Убавата русокоса е редовен гостин на ревиите на Долче и Габана, но и нивно лице.

Еве како изгледаше: