Српскиот професор Владислав Вукомановиќ , детски кардиолог во Институтот за здравје на мајки и деца, објасни како да ги препознаете симптомите на коронавирус кај дете.
„Симптомите се обично многу тривијални . Или станува збор за затнат нос или течење на нос, треска, сува кашлица и во споредба со постарите лица со КОВИД инфекција, абдоминална болка, дијареја и повраќање се почести“, објаснува д-р Вукомановиќ.
Тој посочува дека семејството е важно затоа што во семејството може да се стекнат навики, а децата може да се предупредат за тоа што е потребно да се направи, да научат да ги мијат рацете, да носат маски и да избегнуваат блиски контакти .
„Епидемиолошката анамнеза е многу важна за нас. Ако детето развие какви било симптоми што можат да укажат на КОВИД-19, ние детално се распрашуваме дали има членови на семејството кои покажале клиничка слика или се лекуваат од инфекција и со тоа и третираме и евентуално земаме примерок со брзи анагени тестови “, вели д-р Вукомановиќ, пренесуваат српските медиуми.
Тој објаснува дека правилото е дека PCR-тестовите не се повторуваат ако брзите тестови на антиген се позитивни.