Македонија

Лидерска средба во Собранието – што може да очекуваме?

Лидерска средба во Собранието – што може да очекуваме?

Денеска на пладне во Собранието ќе се оддржи лидерска средба свикана од страна на премиерот Димитар Ковачевски.

Истата има за цел кроење на европската иднина на Македонија и разговор за одлуките коишто во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус.

Поканата ја прифатија опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, но секоја од овие партии ќе оди со свои теми.

Засега Левица е единствената парламентарна партија која јасно кажа НЕ на поканата, додека пак од Движењето Беса порачаа дека одлука за присуство ќе донесат еден час пред средбата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни