Свет

Лиз Трас ги налути музичарите користејќи ја нивната песна на конгресот

Лиз Трас ги налути музичарите користејќи ја нивната песна на конгресот

Британската премиерка Лиз Трас употреби песна од познатата група M People во нејзиниот завршен говор на Конгресот на Конзервативната партија. Сепак, тоа ги налутило авторите на песната.

Лиз Трас настапи на мелодиите на хит песната „Moving On Up“ на конвенцијата во Бирмингем во обид да ја истакне нејзината амбиција да ја поттикне економијата на земјата. Сепак, основачот на бендот Мајк Пикеринг изјави дека е навреден што Лиз Трус ја искористила нивната песна.

Тој додаде дека М Пипл всушност сочувствува со левите сили во земјата и дека доколку Лиз Трус го прочитала текстот, ќе знаела дека песната воопшто не и одговара, бидејќи зборува и за „спакување куфери и заминување далеку’.

Пикеринг, исто така, рече дека очигледно никој не им кажал на конзервативците дека Тони Блер и неговата Лабуристичка партија ја користеле песната за време на неговиот мандат.

Тој кажа и дека проверил со авторски права, но му било кажано дека не можат да ја прекинат употребата на песната.

Пикеринг, сепак, зажали што не знаел претходно, бидејќи сигурно ќе и испратил писмо на Лиз Трас да не се користи „Moving On Up“. Џејмс Смол-Едвардс, кој е советник на лабуристите во Вестминстер и син на хит-пејачката Хедер Смол, на Твитер напиша дека тоа е „многу соодветен избор“ на Лиз Трас.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни